Thursday, December 21, 2006

Зошто се мечтите...


Зошто се желбите? Мечтите? ...

Желби, мечти, day dreams = lost in space

Каде е реалноста? Се повеќе се оддалечувам од неа, се губам во имагинарности

Осаменост, хазардни игри, површност, мигови на искреност - мигновени...

Трајноста е одмината работа

Недефинираност, околу мене прашалници

Внатре – извици, одгласи приглушени

Нема слика на разбунтуваното тело

Молекуларна немирност на умот

Врската се прекина некаде – нема реакција

Што правиш кога не можеш ниту да испливаш, да избиеш на површината, ниту можеш да потонеш до дното?

Лебдиш во хипнотичен сон

Се склупчуваш, клопче, зрно разобличено

Молекула, непрепознатлив атом…

No comments: