Thursday, September 1, 2011

Збогум

Пробав да ги повратам. Еден по ден... хмм

Некои не сакаа да излезат. Сe заплеткале околу обрачите и не можеа. Еден по еден... што зборувам, не беа цели, не еден по еден а дел по дел. Распадната утроба и око што те зјапа, мисли те познава, те видел од внатре... Раката го држи стапалото, уво сраснало во лактот, остатоци од минати уживања кои не сакаат да се самозаборават.

Ги носам секаде со себе. Не ги сакам, ги презирам, ги љубам, мои се, ничии.

Од топлата утроба на сеќавањето ги оставам да заминат кутрите. Да знаат само каде одат никогаш не би тргнале. Студениот пустош на заборавот чека да ги засолни. Да ги уништи.

Но време е.

Обрачите веќе попуштаат, главите се тркалаат, една ќе оставам само од моите.

Време е и јас да заминам.

Пустината, ветрот и малите ветриња, црвенета месечина... ги напуштам.

Thursday, May 20, 2010


A Short History of Humankind

all the people were born Immortal...
they were meant to do great things
think great thoughts
and make a remarkable life, worth for their Immortality
and relived with every memory of it
and they were not to have an ordinary life
no they don't
do not
so some of them sacrificed their Immortality
for life of ordinarity

... and so it is to this day

Thursday, June 5, 2008

Горештината кога го распукуваше асфалтот
И снегот пепел кога се стораше
Јас бев и останував

Memento


In the morn without heaven
Buried under shadows of ordinary tales
Caught without consciousness
For you I am
Painfully craving like a abandoned recollection
Inside barren muse
Without the power to create and destroy
I am obsessed with the scent of the venomous flower
In the night when the moon was secretly
Creating illusions on the blaze of your imaginations
Yet, I thought I exist in you
I am remembering you

...


На среде мисла останав
во пустошот од осамености
магла прекриена ликови
образи прекршени во ноќното сивило
на утринските шетачи не им се отвара падобранот
голтаат оган и блујат смеа
лудилото лудиот го задева
коси со косата и покосува
врвови недовршени приказни
на лепешки кравји сонови.
Оди и пронајди под каменот снегулка од она време
кога допирот беше сон, а тој твое јаве
и немир, твое мало се.

Saturday, December 1, 2007

Бенјамин

Бенјамин

  Додека надвор дождот ги брише трагите од сопственото постоење и се обидува да се сети кога лешевите цветаат...

Бенјамин стоеше на полуотворениот прозорец. Гледаше во дождот и се обидуваше со него да ги измие трагите од мастило што беа останати на неговите прсти.

„Во ова мрачно попладне единствената светлина е небесното празнење, за чие постоење недостојни сме.“ – изусти Бенјамин тивко, како за себе.

„Слушаш Кло?“ – рече тој.

Немаше одговор.

„Единствениот звук“ – продолжи Бенјамин, „е ударот на дождовните капки врз клепките на слепата птица...“

Молк.

„... незасолнета во вечната ноќ што стои.“

„Да, Кло. Птицата е овде и со задоволство би ти ги исколвала очите... кога би можела само да те види.“

Повторно немаше одговор.

Бенјамин го затвори прозорецот, седна на масата за пишување, ја отвори мастилницата, го натопи перото.

- Драга госпоѓо Мајка,

Ве молам и преколнувам, о колку е тоа дрско од мене, но сепак, ве преколнувам ова писмо да го прочитате до крај, а неговата содржина да ја оцените како многу сериозна.

 Јас и Кло заминуваме. Вечерва.

 Со почит Ви се обраќа

Вашиот секогаш мал

Бенјамин

Го избриша перото, ја затвори мастилницата, стана од масата за пишување, го отвори прозорецот. Гледаше во дождот и се обидуваше со него да ги измие трагите од мастило што беа останале на неговите прсти.

 Кло лежеше удобно врз купот перници и го лижеше своето крзно.

 

Троен агол


Троен агол

Ги најдов стуткани во еден агол. Зафрлени, заборавени имитираа постоење. Играа карти.

Сведната глава, скршено крило и уморен поглед. Со бавни движења ги редеа картите една по една пред себе.

Се отвори картата Живот, а тие се стуткаа во својот троен агол и сомнежливо погледнаа околу себе. На светлината од свеќите лицата им изгледаа бледо прозрачни. Откако се уверија дека се сами најмладиот отиде да провери дали има порака за нив.

Изминаа веќе неколку дена, а сеуште никој не ги беше побарал. Решија да продолжат со играта, која веќе одамна не им претставуваше задоволство, туку беше навика и должност.

Во магливата атмосфера на истиот троен агол се отвори картата Смрт. Овојпат беа сигурни дека ќе добијат повик или барем еден од нив ќе биде побаран и ќе може да го напушти аголот. Тројниот агол на животот, тројниот агол на смртта, распространет во сите свои пространства, стеснет во сета своја ситнина,  каде што тие, тројцата, се надеваа дека некој ќе ги пронајде.

Кога заминав сеуште чекаа таму, во тројниот агол што го нарекоа свој - Таткото, Синот и Светиот дух.