Thursday, September 1, 2011

Збогум

Пробав да ги повратам. Еден по ден... хмм

Некои не сакаа да излезат. Сe заплеткале околу обрачите и не можеа. Еден по еден... што зборувам, не беа цели, не еден по еден а дел по дел. Распадната утроба и око што те зјапа, мисли те познава, те видел од внатре... Раката го држи стапалото, уво сраснало во лактот, остатоци од минати уживања кои не сакаат да се самозаборават.

Ги носам секаде со себе. Не ги сакам, ги презирам, ги љубам, мои се, ничии.

Од топлата утроба на сеќавањето ги оставам да заминат кутрите. Да знаат само каде одат никогаш не би тргнале. Студениот пустош на заборавот чека да ги засолни. Да ги уништи.

Но време е.

Обрачите веќе попуштаат, главите се тркалаат, една ќе оставам само од моите.

Време е и јас да заминам.

Пустината, ветрот и малите ветриња, црвенета месечина... ги напуштам.